Дали Русија планира да одржи воена парада во Мариупол?
Украински функционер вели дека Русите планираат воена парада во градот Мариупол за Денот на победата.
Додава дека окупаторите ова ќе го организираат ако планот им успее.
„Русија планира да одржи воена парада во Мариупол за Денот на победата на 9 мај“, објави на „Телеграм“ советникот на градоначалникот, Петро Андриушченко.
Вели дека на Константин Ивашченко, кој Русите го назначиле да управува со деловите на Мариупол под нивна контрола, му е наредено да исчисти дел од центарот на градот од урнатините и мртвите тела за да може таму да се одржи воена парада на 9 мај.
Русија секој 9 мај ја слави победата над нацизмот во Втората светска војна.
Војната во Украина почна на 24 февруари. Засега нема договор за прекин на војната. Мариупол е скоро целосно уништен и повеќе од месец дена е под опсада. Преговорите одат тешко, соопшти украинскиот преговарач Михајло Подољак.
фото Принтскрин
