Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали Русија ќе регрутира 700.000 војници?

Дали Русија ќе регрутира 700.000 војници?

Украинските власти тврдат дека Русија ќе направи уште една мобилизација и споменуваат бројка од 700.000 војници. 

Антон Герашченко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи вели дека Русија подготвува втора мобилизација во јануари. Москва во септември и октомври регрутираше околу 300.000 војници за војната во Украина. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков вчера изјави дека Русија не размислува за нова мобилизација за војната во Украина.

Поради мобилизацијата, околу 700.000 Руси веќе заминаа од Русија. Тие сега живеат во Србија, Грузија, Турција, Казахстан и други земји. Србите им наплаќаат екстремно високи кирии. 

фото Твитер

Слично

Поврзани вести