Дали Русија ќе прифати Украина да влезе во НАТО?
Русија на ниту еден начин не прифаќа влез на Украина во НАТО.
„Влезот на Украина во северноатлантскиот блок е неприфатлив за Русија во која било форма“, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.
Таа ја коментира изјавата на поранешниот генерален секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен за влез на Украина во Алијансата.
Вели дека политиката на НАТО кон Москва е агресивна, истакнувајќи дека пристапот на Киев во Алијансата претставува закана за безбедноста на Русија.
Претходно „Гардијан“ објави дека поранешниот генерален секретар на НАТО Андрес Фог Расмусен предложил Украина да биде прифатена во Алијансата без изгубените територии, односно само во границите што ги контролира Киев.
„Таквиот однос на земјите од колективниот Запад кон Украина е некрофилија. Или поранешниот генерален секретар на НАТО предложи тоа да се прифати во делови, или Полска бара ексхумации како услов за влез во евроатлантските институции. Ако тргнеме од фактот дека на Западот нема место за мир и преговарачки процес, ако не ги земат предвид овие сценарија за Украина, бидејќи се фокусираа исклучиво на агресија и војна, тоа е логичен заклучок на таквата филозофија“, вели Захарова.
Украина не сака да отстапи територии на Русија во замена за мир. Естонската премиерка Каја Калас изјави дека е заинтересирана да ја преземе главната работа во НАТО.