ДАЛИ РУСИЈА ЌЕ ПЛАТИ ВОЕНА ОШТЕТА? Резолуција за кршење на меѓународното право денеска во Генералното собрание на ОН
Генералното собрание на Обединетите нации денеска на иницијатива на западните земји ќе гласа за резолуција со која Русија ќе биде одговорна за кршење на меѓународното право поради нападот врз Украина, што ќе бара од неа да плати воени репарации.
Нацрт-резолуцијата, до која АП имаше пристап, заклучува дека е неопходно да се воспостави „меѓународен механизам за репарација за штета, загуба или повреда“ предизвикана од „неправедните акции“ на Русија против Украина.
Во оваа нацрт-резолуцијата се заклучува дека е неопходно да се воспостави „меѓународен механизам за репарација за штета, загуба или повреда“ предизвикана од „неправедните акции“ на Русија против Украина.
Резолуцијата предлага 193-те земји-членки на Генералното собрание на ОН, во соработка со Украина, да формираат „меѓународен регистар“ кој ќе ги документира тврдењата и информациите за штетите, загубите и повредите што Русија им ги нанела на Украинците и нивната влада, според Асошиетед прес.
- Западните земји се обидуваат, со помош на Генералното собрание на ОН, да им дадат некаков привид на легитимитет на обидите за присвојување замрзнати руски имоти - изјави во неделата вечерта во Телеграма заменик постојаниот претставник на Русија во ОН Дмитриј Полјански.
Агенцијата РИА Новости додава дека Полјански посочил дека „и луѓе кои не се стручни сфаќаат дека се работи за политизација, и дека усвојувањето на таков документ би било безвредно“.
- Генералното собрание нема овластување ниту да се вклучи во репарации. Поточно, руските средства се замрзнати на Запад - рече Пољански.
