Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали Русија и се заканува на Франција - еве што кажа Медведев

Дали Русија и се заканува на Франција - еве што кажа Медведев

Русите се лутат, но и се закануваат поради економската војна која Западот им ја објави откако почнаа со инвазија на Украина, на 24 февруари. 

Заменик претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, на Твитер одговори на изјавата на францускиот министер за економија, Бруно ле Мер, кој изјави дека Франција и објавила економска војна на Русија.

Медведев вели дека во историјата на човештвото економските војни честопати се претворале во вистински војни и дека не треба да се заборави на тоа кога се даваат непромислени изјави.

„Некој француски министер кажа дека и објавиле економска војна на Русија. Внимавајте на изразувањето господа и не заборавајте дека во човечката историја економските војни честопати се претворале во вистински“; вели  Медведев.

Европскиот парламент е подготвен да повика на ограничување на увозот на руска нафта и гас во ЕУ, откако бара уште построги санкции насочени кон „стратешко слабеење“ на руската економија и способноста за водење војна. Руската рубља вчера доживеа остар пад, поради санкциите кон Русија. 

Слично

Поврзани вести