Дали Путин жали за инвазијата на Украина?
Рускиот претседател Владимир Путин не жали за инвазијата на Украина, иако смета дека тоа што се случува таму не е пријатно.
Тој на денешната прес-конференција во Астана, изјави дека очекува мобилизацијата на армиските резервисти да заврши во наредните две недели. Околу 220.000 од таргетираните 300.000 резервисти веќе се мобилизирани. Од нив 33.000 се веќе на украинска територија, а 16.000 од нив веќе учествувале и во борбените активности.
„Тоа што се случува денеска е непријатно, најблаго кажано. Но, сето ова ќе се случуваше и малку подоцна, само под многу полоши услови за нас, тоа е така. Затоа, моите постапки се правилни и навремени“, рече Путин.
Тој го обвини Киев дека не сака да преговара. Путин предупреди на опасноста по светскиот мир. Украинските власти кажаа дека ќе преговараат, но не со Путин, туку со друг руски претседател, односно алудираат на негова смена. Инвазијата почна на 24 февруари.
foto facebook
