Дали Путин се плаши од моќта на Пригожин?
На рускиот претседател Владимир Путин се смета дека му пречи првиот човек на групата Вагнер, Евгениј Пригожин.
Институтот за проучување на војната во својата нова анализа наведува дека рускиот претседател Путин бара начин да го маргинализира сè помоќниот шеф на Вагнер, Евгениј Пригожин.
Вагнер претрпе големи загуби во битките за Бахмут и Соледар, но ISW додава дека е можно Путин да се чувствува загрозен од растечката моќ на Пригожин.
Путин се оддалечува од Пригожин и се свртува кон традиционална, конвенционална армија, стои во извештајот. Се додава дека Путин го деградирал командантот Сергеј Суровкин, инаку близок сојузник на Евгениј Пригожин. Се смета дека сега Вагнер ќе има проблеми со набавка на оружје.
Американските власти најавија дека ќе ја означат руската платеничка група Вагнер како „транснационална криминална организација“, затоа што до војната во Украина – каде што користи затвореници – делуваше како безмилосен инструмент на руската моќ во сенка во десетици земји, во Сирија и Африка. Белата куќа оваа недела ќе воведе нови санкции за групата и нејзината мрежа за поддршка. Се смета дека групата има 50.000 војници во Украина. За посетување, руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година.
Инаку, оваа група регрутираше војници и во Србија, за што српските власти упатија критики.
