Дали Путин сака да преземе контрола над дел од Молдавија?
Сепаратистите во Молдавија сакаат независност и споменуваат можно обединување со Русија.
Велат дека Молдавија стана кандидат за членство во Европската унија и всушност ја прекинува секоја можност за соработка. Контингент со руски мировни сили се наоѓа во Придњестровје од 1992 година. Аналитичарите веруваат дека рускиот претседател Владимир Путин всушност се обидува да ја преземе контролата на територијата на која живеат околу 470 илјади луѓе, пишува Гардијан.
ЕУ минатиот месец ѝ додели на Молдавија кандидатски статус. Виталиј Игнатиев, министер за надворешни работи на сепаратистичката република, на конференција во Москва изјави дека Придњестровје ќе ги исполни целите поставени на референдумот во 2006 година. Молдавија стравуваше од тензии и проширување на воениот конфликт кој веќе неколку месеци трае во Украина.
