Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали Путин ќе се сретне со Зеленски?

Дали Путин ќе се сретне со Зеленски?

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во моментов не гледа смисла во одржување директна средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски, одговарајќи на неговото неодамнешно отворено писмо.

Говорејќи на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, Путин оцени дека досегашните директни контакти меѓу двајцата лидери не донеле конкретни резултати.

„Досегашното искуство покажува дека таквите состаноци служат за купување време. Нам ни се потребни договори, а не состаноци“, изјави рускиот претседател.

Тој откри дека писмото на Зеленски го прочитал дури откако на него му укажал портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Путин оцени дека во писмото има елементи на грубост и ја доведе во прашање неговата вистинска намера.

Осврнувајќи се на делови од писмото во кои се споменува неговата возраст, рускиот лидер порача дека тоа не е релевантно прашање.

„Постојат луѓе постари од мене кои и понатаму ги извршуваат своите должности. Најважни се ефикасноста и здравјето“, рече тој.

Путин повторно го отвори и прашањето за одржување избори во Украина, посочувајќи дека мандатот на Зеленски истекол во мај 2024 година, додека изборите биле одложени поради воената состојба во земјата. 

Зеленски јавно го повика рускиот претседател Владимир Путин на директни преговори, со порака дека војната може да заврши само преку политичка одлука на највисоко ниво.

Во отворено писмо објавено на 4 јуни, Зеленски предложи средбата да се одржи во неутрална земја, а како можни домаќини се споменуваат Швајцарија, Турција или арапски држави. Тој побара да се утврди конкретен датум и посочи дека во разговорите треба да бидат вклучени и претставници на САД и Европа.

Според украинскиот претседател, Киев е подготвен да прифати целосен прекин на огнот за време на преговорите. Како прв чекор кон можен договор, Зеленски ја предложи и размената на сите воени заробеници по принципот „сите за сите“, како и враќање на цивили и деца однесени од Украина за време на војната.

Војната трае веќе петта година. Русија од Украина бараше воена неутралност, признање на Доњецк и Луганск, и денацификација, а потоа целта беше сменета во „ослободување на Донбас“. 

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести