Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали Путин ќе оди на погребот на Пригожин?

Дали Путин ќе оди на погребот на Пригожин?

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека е невозможно да се каже дали рускиот претседател Владимир Путин ќе присуствува на погребот на загинатиот лидер на групата Вагнер, Евгениј Пригожин бидејќи претседателот има многу пополнет распоред, објави украинска Правда.

Кремљ категорично отфрли дека стои зад уривањето на авионот во кој бил Пригожин.

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, на самитот на „БРИКС“ пцуеше пред  новинарка на прашање за Пригожин. Пред два месеци, Пригожин изврши обид за пуч. Тој тргна кон Москва, но потоа во договор со белорускиот претседател Александар Лукашенко се откажа од намерата. Пригожин ги критикуваше руските генерали и минисерот за одбрана, Сергеј Шојгу за војната во Украина. 

Слично

Поврзани вести