Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали Путин ќе му помогне на Катар?

Дали Путин ќе му помогне на Катар?

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска по телефон разговараше  со саудискиот крал Салман бин Абдул Азиз Ал Сауд за ситуацијата околу Катар. 

Ова го соопшти прес-службата на Кремљ, цитирана од ТАСС.

Тие размениле мислења за актуелната ситуација во Блискиот Исток и Северна Африка, откако ја разгледувале напнатата ситуација околу Катар.

Сметаат дека кризата во односите меѓу Катар и земјите од регионот на Персискиот залив не помагаат за консолидација на заедничките напори за регулирањето во Сирија и борбата против терористичката закана.  Двајцата изразиле желба за интензивирање на билатералната соработка. 

Путин и Салман разговарале и за актуелни прашања од натамошниот развој на руско-саудитските односи во различни области.

Инаку Катар од неодамна е изолиран од повеќе арапски земји кои го обвинуваат дека помага тероризам. 

Слично

Поврзани вести