Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали помина кризата во Италија?

Дали помина кризата во Италија?
Една од земјите во Европа која помина најтешко за време на економската криза, покажува знаци на опоравување. Сепак, подобрувањето не стигна до обичните граѓани - за нив работите се уште не се добри. Преминувањето во позитивна фаза го очекуваат дури и банките. „Гледам дека се повеќе продавници се затворени и мислам дека тоа е знак дека кризата се уште не е завршена, таа се уште трае. Ниту јас, после завршен факултет, не можам да најдам работа во секторот за финансии - банките, осигурување...“ - вели Валентина Мацили. Движењата во стопанството се нешто подобри - по рецесијата од 2,4 посто во 2012 година, се очекува годинава падот да биде 1,7 посто. Предвидувањата за следната година покажуваат дека би можела да биде уште малку подобра. ММФ за Италија има две сценарија за наредната година, и во двете клучна бројка е 0,7% - за толку италијанското стопанство или ќе порасне или повторно ќе опадне. Клучниот играч во двете сценарија се банките и многу нешта ќе зависат д нивното работење. А банките се надеваат на опоравување на економијата, што би можело да помогне да се намали бројот на кредити кои отеѓнато се враќаат.    
Слично

Поврзани вести