Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали полскиот возач на камион сакал да го запре напаѓачот од Берлин?

Дали полскиот возач на камион сакал да го запре напаѓачот од Берлин?

Полскиот возач на камионот кој беше употребен во терористичкиот напад на Божиќниот базар во Берлин вечерта на 19-ти декември, е убиен со истрел во главата неколку часа пред нападот, пишува денеска дневниот весник Bild.

Весникот се повикува на доверлив извештај на судската медицина во кој се наведува дека возачот 37-годишниот полски државјанин Лукаш Урбан во борбата со 24-годишниот Тунижанец Анис Амри во кабината на камионот најпрво бил неколкупати избоден со нож, а потоа му било пукано во главата, и тоа во периодот меѓу 16,30 и 17,30 часот, пред изведувањето на нападот околу 20 часот. Лекарите не ја исклучуваат можноста дека возачот за времето на нападот можеби уште бил жив, но сосема ја исклучуваат можноста дека бил во состојба да го запре напаѓачот.

Министерот за внатрешни работи на Берлин, кој е и сојузна покраина, Андреас Гејзел во петокот рече дека Урбан „многу веројатно“ се обидел да го спречи нападот со преземање на контролата над воланот од напаѓачот кој во петокот го застрела италијанската полиција во Милано.

Во Германија вчера е покрената иницијатива којашто веднаш ја потпишаа повеќе десетици илјади луѓе, за да ги поттикне властите постхумно да му го доделат највисокото германско национално одликување на полскиот возач. 

Во нападот загинаа 12 луѓе, а имаше и голем број повредени. 

Слично

Поврзани вести