Дали Полска планира да отцепи делови од Украина?
Руски разузнавачи велат дека Полска може да отцепи делови од Украина.
Регионите кои Полска смета дека „историски ѝ припаѓаат“ повикувајќи се на средниот век, биле припоени кон Советскиот сојуз во Втората светска војна.
Територијата на Западна Украина, околу градот Л’вов, Галиција и други територии би можеле да бидат отцепени од Полска преку таен договор со САД, вели Сергеј Наришкин, шеф на руското разузнавање за РТ.
Според наводниот план, во првата фаза од ова обединување, „полските мировници“ ќе бидат распоредени во западна Украина под изговор за „заштита од руска агресија“. Деталите за операцијата во моментов се разговараат меѓу Варшава и администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден, смета разузнавачот.
„Варшава досега не успеа да најде ниту една друга нација што би се приклучила на нејзината цел. Но, на полските власти не им пречи сето тоа бидејќи тие самите се заинтересирани да имаат помалку „непотребни сведоци“ на нивните постапки“, објаснува Наришкин.
Откако изби војната во Украина, Полска е земјата која прими најголем број бегалци, а воедно и лекува ранети украински војници. Деновиве се зборува за можна дестабилзација на Молдавија, но и за идејата за припојување на Молдавија и Романија.фото Твитер
