Дали по Брегзит следува и Дегзит?
Во очи на референдумот во Велика Британија се повеќе земји се прашуваат за нивното членство во ЕУ.
Такви најави има и од германската популистичка партија АФД. Од 6000 граѓани опфатени со истражување околу 45% одговориле дека треба да се праша за нивното членство во ЕУ.
Десничарските популистички партии во повеќе земји го покренуваат ова прашање.
Вакви најави имаше во Франција, Холандија и Германија.
И покрај желбите на одредени партии во Германија, не е лесно да се организира референдум, а одредени експерти велат дека во земјата е потребна промена на Уставот за еден ваков вид демократија.
Сепак истражувачката агенција Forsa направила истражување според кое 79% од Германците сакаат да останат во ЕУ.
При тоа 17% од оние кои сакаат Дегзит се 60% членови на партијата АФД.
