Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали платнените маски штитат од омикрон?

Дали платнените маски штитат од омикрон?

Платнените маски може да не штитат доволно од омикрон. 

Еднослојните платнени маски можеби нема да пружаат соодветна заштита од многу заразниот сој омикрон на ковид-19, покажува извештај на Вол стрит џурнал.

Овие  маски можат да ги блокираат само поголемите капки на коронавирусот, но не и помалите аеросоли и честички кои исто така можат да го пренесат вирусот.

Хируршките маски го блокираат ковид со своите карактеристики на електростатичен набој. 

Американската клиника Мајо сега бара од сите пациенти и посетители да носат хируршки маски, маски Н95 или КН95, па ако некој се појави со еднослојна маска од платно, преку неа ќе мора да стави и маска со медицински квалитет. 

Инаку, нови девет случаи на омикрон има во Македонија. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести