Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали Пекинг е пред затворање поради коронавирусот?

Дали Пекинг е пред затворање поради коронавирусот?

Расте бројот на заразени во кинескиот град  Пекинг. Кинеската престолнина денеска ги заостри мерките против коронавирусот. 

Мерката за заклучување во Пекинг се уште не е воведена, но од денеска важат построги правила за социјална дистанца, а во најзагрозените населби е воведена нова рунда масовно тестирање.

Градот десет дена се бори против ширењето на епидемијата, а секојдневно се евидентираат десетици нови заразени,  објави Ројтерс.

Серија анти ковид мерки беа воведени претходно и во градот Шангај. Вирусот во 2019 година се појави во Вухан во Кина, а потоа се прошири насекаде во светот. Досега повеќе од 6.2 милиони луѓе во светот починаа од коронавирусот. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести