Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали овој милијардер е одговорен за исчезнувањето на малезискиот авион?

Дали овој милијардер е одговорен за исчезнувањето на малезискиот авион?
Меѓу многуте теории за судбината на малезискиот авион, кој пред околу три недели мистериозно исчезна, се појави и една која го вклучува Џејкоб Ротшилд, британски мултимилијардер и наводен член на масонското движење и прикриен лидер на светот. Според оваа теорија 77-годишниот Ротшилд добил многу со исчезнувањето на авионот од летот МХ370. Имено, меѓу 239 патници и членови на екипажот во авионот на „Малезија Ерлајнс“ биле и 20 инженери на американската компанија за технологија Freescale Semiconductor. Заедно со нив Ротшилд го развивал микрочипот КЛ-03 за кој се верува дека во иднина ќе служи за електронска војна. Со исчезнувањето на 20-те инжинери, Ротшилд станал единствен сопственик на патентот за овој микрочип, тврдат дел од медиумите. Компанијата Freescale Semiconductor веќе 50 години се занимава со производство на микропроцесори, сензори и друга технологија. Исто така е точно дека 20 нејзини вработени патувале заедно на летот од Куала Лумпур до Пекинг. Ова беше доволно за теоријата масовно да започне да се шири на интернет со прашања - каде патувале инженерите на Freescale и зошто патувале заедно, дали имале вредни информации за авионот да биде киднапиран, дали Ротшилд со исчезнувањето на авионот си го обезбедил за себе патентот за микрочипот на иднината?
Слично

Поврзани вести