Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали ОВА ќе биде одговорот на Русија на европските санкции?

Дали ОВА ќе биде одговорот на Русија на европските санкции?
Русија би можела во одговор на санкциите од Европската унија заради кризата во Украина да воведе ограничувања или целосно да им забрани на европските авиопревозници да го користат нејзиниот воздушен простор, што би довело до зголемување на цените на летовите меѓу Европа и Азија, пишува рускиот бизнис весник Ведомости. Рускиот нискобуџетен превозник Доброљот, кој е во сопственост на Аерофлот, минатата недела мораше да ги откаже сите летови откако му беше откажан договорот за наем на авиони заради санкциите на ЕУ кон авиокомпаниите кои летаат на Крим, црноморскиот украински полуостров што Русија го анектираше.
Воведување на можни ограничувања за летовите преку руска територија е опција што сериозно се разгледува во руските министерства за надворешни работи и за сообраќај.
Забраната би ги погодиле европските авиокомпании како Луфтханза, Бритиш Ервејс и Ер Франс, но би можела да влијае и на работите на Аерофлот, кој заработува околу 300 милиони долари годишно од прелетите на странските авиони преку рускиот воздушен простор. Европските авиокомпании се запознаени дека Москва разгледува вакви можности и се загрижени заради загубите кои според проценките би можеле да достигнат една милијарда евра за само три месеци забрана за користење на рускиот воздушен простор.
Ограничувањата би довеле до подолги летови, поголеми трошоци за гориво и други дополнителни трошоци за европските превозници, што би ги довело до понеповолна позиција во однос на силната азиска конкуренција.
Слично

Поврзани вести