Дали ова е новиот лидер кој ќе ги истисне Епл и Самсунг?
Кинеското чудо на мобилната телефонија се вика Ксиаоми и според аналитичарите сериозно се заканува од пазарот да ги истисне досегашните лидери Епл и Самсунг.
Ксиаоми веќе сега го зазема третото место на пазарот на паметни телефони во светот, иако нивните апарати се достапни во мал број земји. Со парите наменети за инвестиции овааа кинеска компанија како приоритет си поставува ширење на други пазари.
Компанијата бележи неверојатен раст на својата продажба за 211% и тоа во истиот период кога лидерот Самсунг регистрира пад на профитот и намалена испорака на паметни телефони.
Првиот човек на Ксиаоми Леи Џун постави одлични темели, а со својот бренд успешно го копира моделот на Епл - претставувањето на телефоните на Ксиаоми го следат многу обожаватели, а телефоните се распродаваат од првите денови на продажба.
Со ваквиот начин на работа овој бренд се разликува од останатата кинеска конкуренција, па затоа треба да се следи дали Џун ќе успее успехот на кинескиот пазар да го проследи и на глобалниот.
Според аналитичарите, единствена пречка во овој дел може да биде фактот што Ксиаоми ќе мора да почека некое време на поврат на инвестициите, затоа што наводно нема планови да илезе на берзата во следните пет години.
Слично
