Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали Орбан ќе го убеди Трамп да ѝ даде на Унгарија ослободување од енергетските санкции кон Русија?

Дали Орбан ќе го убеди Трамп да ѝ даде на Унгарија ослободување од енергетските санкции кон Русија?

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес ќе се сретне со унгарскиот премиер Виктор Орбан во Белата куќа за да разговараат за зависноста на Унгарија од руската нафта и можностите за зајакнување на економската соработка меѓу двете земји.

Тоа ќе биде нивна прва билатерална средба откако Трамп се врати во Белата куќа во јануари.

Трамп инсистира европските земји да престанат да купуваат руска нафта за да ги намалат приходите на Москва што ја финансира војната во Украина, додека Унгарија не престана да се потпира на руската енергија од почетокот на конфликтот во 2022 година, предизвикувајќи критики во ЕУ и НАТО, велат експертите.

Пред состанокот, унгарските претставници изјавија дека Орбан имал намера да разговара за можноста за состанок меѓу САД и Русија и да побара ослободување од енергетските санкции на САД.

Дали Виктор Орбан ќе успее да го убеди Доналд Трамп да ѝ даде на Унгарија ослободување од енергетските санкции кон Русија? - е едно од прашањата на кое многумина чекаат одговор.

Трамп претходно најави можна средба со рускиот претседател Владимир Путин во Будимпешта, но таа беше одложена откако Русија го отфрли примирјето.

- Го познавам претседателот, тој ме познава мене, ние го знаеме проблемот, едноставно мора да постигнеме догово -, изјави Орбан, додавајќи дека очекува пријателски разговори.

Белата куќа соопшти дека лидерите ќе разговараат за области од „заемен интерес“ и наговести за можноста за економски договори.

- Американскиот народ може да очекува повеќе добри, меѓусекторски договори од посетата на премиерот Орбан, изјави функционер на Белата куќа. 

Фото: Принтскрин/Икс

Слично

Поврзани вести