ДАЛИ ОД НОЕМВРИ ЌЕ СЕ ВАКЦИНИРААТ И ДЕЦАТА ОД 5 ДО 12 ГОДИНИ: Се чека одлуката на ЕМА
Европската
агенција за лекови очекува од фармацевстаката компанија Фајзер/БиоНТека да
достават податоци од педијатриските испитувања за ефектите на вакцината кај
деца од 5 години, по што ќе донесе одлука дали оваа вакцина против ковид-19 ќе
се користи и кај најмладата популација.
Според ЕМА, податоците од Фајзер за направените истражувања, треба да бидат поднесени до почетокот на окотомври, бидејќи, како што велат европските регулатори, ќе бидат потребни скоро цели четири недели за да се даде препорака за користење на вакцината.
Вакцината на Фајзер веќе се употребува кај децата над 12 години во голем број земји во светот, а според досегашните податоции таа е безбедна и дава голема заштита против корона вирусот кај тинеџерската популација.
