Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДАЛИ НАСКОРО ЌЕ ИМА ПРИМИРЈЕ ВО ГАЗА: Исмаил Ханија даде одговор

ДАЛИ НАСКОРО ЌЕ ИМА ПРИМИРЈЕ ВО ГАЗА: Исмаил Ханија даде одговор

Еден од лидерите на палестинската терористичка група Хамас, Исмаил Ханија, тврди дека официјалните лица во преговорите со Израел, преку посредници, се „блиску до постигнување договор за примирје“ во војната во Газа. 

Соопштението го лиферуваше неговиот помошник од Доха. Во соопштението, објавено на каналот Телеграм, нема повеќе детали за договорот, но официјален претставник на Хамас изјави за „Ал Џезира“ дека преговорите се фокусирани на тоа колку долго ќе трае примирјето, аранжманите за испорака на помош во Газа и размената на израелски заложници за палестинските затвореници во Израел.

Израелската армија (ИДФ) ноќеска соопшти дека под џамија во населбата Зејтун, во градот Газа, пронашла работилница што наводно Хамас ја користи за производство на ракети.

„Околу стотина пациенти се евакуирани синоќа од индонезиската болница во Газа, која вчераутро беше цел на израелско гранатирање“, соопшти портпаролот на Министерството за здравство Ашраф ал Кидрех.

Хамас на 7 октомври почна со напади на Израел, а потоа Израел почна операција во Газа. 

Слично

Поврзани вести