Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали на „Евровизија-2016″ и се закануваат терористички акти?

Дали на „Евровизија-2016″ и се закануваат терористички акти?

Шведската полиција денеска ги информирала организаторите на музичкиот настан „Евровизија-2016" во Стокхолм, за можноста од терористички акти.

Како што соопштија претходно шведските медиуми, единицата за безбедност ЦЕПОЛ ги истражува добиените од ирачките колеги податоци според кои 7-8 терористи од организацијата Исламска држава се влезени во земјата,  за извршување на терористички напади во шведската престолнина и за нанесување на удари на граѓаните.

 „Ние сме спокојни.  Имаме подготвен план на кој строго се придржуваме. Располагаме со доволно полициски сили, за да го реализираме мирно и безбедно натпреварот!"- велат од полицијата.

Шведска е домаќин на натпреварот „Евровизија 2016". Полуфиналето ќе се одржи на 10 и 12 мај, а финалето - на 14 мај.

Слично

Поврзани вести