Дали можете да се заразите додека сте во авион?
Шансите да се заразите на лет со авион се многу мали.
Ова го покажа анализата на Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (IATA).
Во истражувањето што го објави ИАТА стои дека помеѓу јануари и јули оваа година се евидентирани само 44 случаи на коронавирусна инфекција, за кои се постојат сомнежи дека се пренесени во тек на летови. Во овој период летале 1,2 милијарди патници.
Од 44 случаи на зараза најмногу се забележани на летот од Лондон до Ханој, кога 15 лица се заразиле.
За време на летот од Сиднеј до Перт се заразени 11 луѓе, а уште 16 на летот од грчкиот остров Занте до Кардиф во август годинава.
ИАТА наведува дека шансите за зараза во текот на летот се исклучително мали, објави „Индипендент“.
Ширум Европа и во светот расте бројот на заразени.
Многу земји ги враќаат рестрикциите.
Во светот има над 37.4 милиони инфицирани од вирусот.
