Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали Меланија Трамп во последен момент го спаси светот од катастрофа? Што му шепна на уво на Доналд Трамп? Еве како тоа го објаснуваат експертите

Дали Меланија Трамп во последен момент го спаси светот од катастрофа? Што му шепна на уво на Доналд Трамп? Еве како тоа го објаснуваат експертите

Првата дама Меланија Трамп можеби одиграла неочекувано важна улога во последните одлуки на Доналд Трамп, кога американскиот претседател се откажа од остри закани кон Иран и прифати привремено двонеделно примирје.

Ова го тврди британскиот безбедносен експерт Anthony Glees, кој смета дека токму личното влијание можело да биде пресудно во последниот момент.

  • -Можеби тоа било нешто што Меланија му го прошепнала на уво – изјавил Глис, наведувајќи дека постојат повеќе можни причини за наглиот пресврт во реториката на Трамп.

Според него, првата дама можела да реагира на остриот и вулгарен јазик што Трамп го користел непосредно пред рокот, кога упати сериозни закани кон Иран и други светски лидери.

  • -Доналде, тоа што го зборуваш е одвратно. Размисли за своето наследство – наводно би можела да биде пораката што му ја упатила, според анализата на експертот.

Само неколку часа пред да биде објавено примирјето, Трамп повторно ја засили реториката, предупредувајќи на сериозни последици, па дури и на уништување на цела цивилизација. Сепак, кратко потоа следеше пресврт – најавено беше двонеделно примирје, а дипломатските контакти беа обновени.

Аналитичарите посочуваат дека одлуката најверојатно не е резултат само на еден фактор. Зголемувањето на цените на нафтата поради затворањето на Ормутскиот теснец, падот на берзите, како и внатрешниот политички притисок во САД, исто така одиграле значајна улога.

Во меѓувреме, примирјето е постигнато со посредство на Пакистан, а се очекува разговорите меѓу Вашингтон и Техеран да продолжат во наредните денови.

Иако тврдењето за влијанието на Меланија Трамп не е официјално потврдено, приказната дополнително го подгрева интересот околу задкулисните процеси што доведоа до ова неочекувано смирување на тензиите.

Вечерњи лист

Слично

Поврзани вести