Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали Лукашенко планира да војува?

Дали Лукашенко планира да војува?

Верниот сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, претседателот на Белорусија Александар Лукашенко, вели дека неговата земја не планира да војува. 

Тој рече дека на земјата не ѝ треба војна.  Лукашенко при проверката на воено-индустриските производи во регионот на Брест уште еднаш ги демантираше информациите кои се шират на социјалните мрежи дека државата спроведува скриена мобилизација, пренесува „Танјуг“.

„Мораме да се смириме и да си ја завршиме работата ако сакаме да нема војна“, рече Лукашенко.

Претходно белорускиот претседател изјави дека нема потреба од мобилизација. Но, Министерството за одбрана објави дека може да повика резерва од 500.000 обучени борци доколку е потребно.

Инаку, Лукашенко претходно го исмеваше Западот поради санкциите кон Русија, и додека цепеше дрва говореше дека европските земји ќе се смрзнуваат. Кога Русија ја почна инвазијата на Украина на 24 февруари, руските сили од белоруска територија извршија напад на Украина. 

Слично

Поврзани вести