Дали Лукашенко навестува дека е при крај војната во Украина?
Белорускиот претседател Александар Лукашенко се правда дека Белорусија е земја која се залагала за мир, и прашува зошто Украина не е заинтересирана за преговори, кога таму умираат луѓе.
Тој додава дека „крајот на овој конфликт нема да се одложи толку долго како што некои светски политичари и аналитичари тврдат и очекуваат“.
„Не сум доволно навлезен во овој проблем за да кажам дали се оди според планот, како што велат Русите. Сакам уште еднаш да нагласам, дека имам чувство дека оваа операција беше одолговлекувана и се одолговлекува одложена“, рече Лукашенко.
Тој се осврна на неговата улога како посредник во оваа војна, потсетувајќи дека првите мировни преговори се одржаа на негова иницијатива и дека тоа доволно покажува дека Минск е на страната на мирот. Лукашенко рече дека би било „неприфатливо“ да се користи нуклеарно оружје. Русија и Белорусија се под санкции поради војната во Украина. Кога почна војната на 24 февруари, напад на Украина беше изведен и од белоруската територија. Различни разузнавачи и политичари тврдеа дека војната може да трае со месеци или со години.
Слично
