Дали лидерот на „Исламска држава” е мртов?
Се појавија информации дека лидерот на џихадистите, Бакр ал-Багдади е убиен во сирискиот град Рака престолнината на калифатот.
Лидерот на „Исламска држава" е мртов. Абу Бакр ал-Багдади е убиен при воздушен удар на меѓународната коалиција во Сирија, соопшти порталот „Ераф", повикувајќи се на извори поврзани со групата „Исламска држава". Интернет порталот „Вилает Ракот", поврзан со идентификацијата, потврди дека Багдади е убиен при авиоудар. Слична порака беше распространета и преку новинската агенција „Амак", која исто така е поврзана со „Исламска држава". Според британскиот „Мирор" ударот бил нанесен на 10 јуни кај Рака.
Слично
