Дали лек против артритис може да помогне во лекување на коронавирусот?
Се испитува дали лек против артритис може да помогне во лекување на коронавирусот. Одговорот на ова прашање ќе се знае во октомври.
Европската агенција за лекови (ЕМА) соопшти дека го разгледува барањето за употреба на лек за артритис за лекување на ковид-19 кај возрасните пациенти со воспаление на белите дробови, и кај кој постои ризик од развој на тешка респираторна инсуфиенција.
Лекот „клинерет“ одобрен е за лекување на низа воспалителни состојби, а го произвел шведскиот произведувач на лекови за ретки болести „Соби“.
Лекот ја намалува активноста на имунолошкиот систем, а неговата активна супстанција ја блокира активноста на хемискиот преносител во имунолошкиот процес кој доведува до воспаление.
Во соопштението на ЕМА стои дека ќе ги анализираат резултатите на две клинички студии кои се во тек кои ги испитуваат безбедноста и ефикасноста на тој лек кај пациенти хоспитализирани со ковид-19, пренесува Ројтерс.
Во многу земји освен вакцини, се работи и на пронаоѓање на лекови кои би помогнале во лекување на болеста.
