Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали коронавирусот е сезонска болест?

Дали коронавирусот е сезонска болест?

Коронавирусот не е сезонска болест. 

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека е погрешно да веруваме дека во текот на летото сме заштитени. 

Оттаму велат дека ширењето на вирусот не е поврзано со годишното време. 

„Се чини дека годишното време не влијае на преносот на вирусот, кој усмрти повеќе од 650.000 лица ширум светот и зарази повеќе од 16 милиони“, изјави портпаролката на организацијата Маргарет Харис во краткиот виртуелен брифинг.

Објасни дека во една од најпогодените земји во светот, САД, сега е лето, а во втората најпогодена земја Бразил сега е зима.

Комбинацијата на вирусот на грип, кој е сезонски и преовладува во зима, и  коронавирус е загрижувачка и може да го зголеми притисокот врз здравствените системи.

Во светот има 16.7 милиони заразени луѓе. 

Над 10 милиони успеале да се излечат од вирусот Ковид -19. 

САД, Бразил и Индија имаат најмногу заразени. Зад нив се Русија, Јужна Африка и Мексико. 

За 24 часа во Македонија има 102 заразени од коронавирусот. 

Слично

Поврзани вести