ДАЛИ КОРОНА ВИРУСОТ Е СОЗДАДЕН ВО ЛАБОРАТОРИЈА: Нова задача на Владата на Трамп
Владата на американскиот претседател Доналд
Трамп ќе стори се за да утврди дали новиот вирус кој го покоси светот настанал
во некоја од кинескикте лаборатории, а истовремено, државниот секретар на САД,
Мајк Помпео, изјави дека официјален Пекинг ќе мора на светот да му открие се
што до сега е премолчено во врска со вирусот, објави денеска Ротерс. По
наводите на Фокс њуз дека се шират
гласини дека новиот корона вирус настанал во лабораторија во првиот епицентар на пандемија,
градот Вухан, Трамп, за ваквите до сега непотврдени информации рече дека
неговата администрација сега има нова задача, темелно да ја испита ситуацијата.
Во меѓувреме, за потеклото на вирусот изјава за Фокс њуз даде и Помпео, кој
категорично рече дека американската Влада ќе испита дали е тоа навистина така, но тој
за овој медиум потврди дека со сигурност знае дека вирусот навистина е
произведен во Вухан, а институтот за вирусологија е на само неколку километри
од пазарот каде прв пат се појави коронавирусот лани во декември. Истовремено, се огласи и МНР
на Кина, од каде велат дека Светската здравствена организација информира дека
нема докази за тоа дека Ковид-19 е создаден во лабораторија, а потоа случајно
пуштен.
Инаку, според американскиот претседател, бројката на смртни случаи во Кина, држава со најголем број жители е повеќе од сомнителна, па тој едноставно праша:
-Дали навистина верувате дека таму има нешто повеќе од 3000 починати, дали некој навистина верува во тоа?
