ДАЛИ ЌЕ ИМ БИДАТ ОДЗЕМЕНИ КРАЛСКИТЕ ТИТУЛИ НА ХАРИ И МЕГАН: По серијата на Netflix, речиси половина Британци се ЗА
По прикажувањето
на серијата на Netflix, безмалку 50 отсто од Британците ценат дека на принцот
Хари и на Меган Маркл треба да им се одземат кралските титули.
Откако тие повторно го нападнаа кралското семејство, анкетата на „YouGov“ за „The Times“ покажала дека 44 отсто од испитаниците сметаат дека на Хари треба да му се одземе кралската титула, во споредба со 32 отсто кои рекле дека не треба.
Инаку, на почетокот на декември, конзервативниот пратеник Боб Сили изјави дека планира да даде предлог-закон со кој би се направило токму тоа. Тој сугерираше дека во 2023 година би можел да изнесе предлог-закон кој би овозможил гласање за резолуција со која би се овластил Тајниот совет за одземање на војводството на Меган и Хари.
Сили смета дека војводата и војвотката од Сасекс нападнале важни институции во Велика Британија и дека тоа сега е веќе прашање на политика.
Во поновата историја не се случило на некој кралски пар да му се одземе војводството или слични титули. Доколку тоа се случи, принцот Хари сепак ќе остане принц бидејќи е роден со такво право, а војводството го доби од кралицата како свадбен подарок. Меган во тој случај би останала без титула.
