Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали ќе биде историска фотографија?Рубио и Лавров седнаа на преговарачка маса

Дали ќе биде историска фотографија?Рубио и Лавров седнаа на преговарачка маса

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и помошник-претседателот на Русија, Јуриј Ушаков во Ријад седнаа на преговарачка маса со американската делегација предводена од државниот секретар Марко Рубио.

Во главниот град на Саудиска Арабија, со посредство на саудиската владеачка елита,  почнаа преговорите помеѓу руската и американската делегација за завршување на војната во Украина.

Како што јавија руските медиуми, преговрите се водат во една од палатите на кралското семејство, Дирија во комплексот Албасатин.

Лавров претходно изјави дека во телефонски разговор изминатите денови со Рубио меѓу другото разговарале и за подготовките за средбата на претседателско ниво Владимир Путин-Доналд Трамп.


Слично

Поврзани вести