Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали Кина се обидува да го истисне доларот?

Дали Кина се обидува да го истисне доларот?
Кина од денеска дозволи директна трговија меѓу јуанот и еврото, соопшти Кинеската платформа за трговија со девизи. „Со воведување на директна трговија меѓу кинеската и единствената европска валута, американскиот долар веќе нема да се користи како валута-посредник во пресметката на курсот“, се наведува во соопштението на кинескиот регулатор. Целта на овој потег, според кинеските власти, е промовирање на билатералната трговија и инвестициите, како и поедноставување на процесот на користење на јуанот во прекугранична трговија и пониски трошоци за трговија. Кина уште во јуни покрена иницијатива за директна трговија меѓу јуанот и британската фунта, а веќе подолго време има директна размена на валути со САД, додека во последните неколку години дозволи директна размена и со јапонскиот јен, австралискиот долар, новозеландскиот долар и малезискиот рингит.
Слично

Поврзани вести