Дали католичка Германија ќе биде само спомен?
Германија е на пат да се зафати со радикален социјален експеримент.
Ќе се утврди дали огромниот бран на бегалци, кои ја преплавија Европа минатата година, ќе бидат благодат за континентот или катастрофа. Католичка Германија можеби веќе е само спомен, оценуваат дел од медиумите.
Минатата недела Бундестагот расправаше за нов закон за интеграција - првиот во историјата на земјата. Тој бара кандидатите за азил да го изучуваат германскиот јазик, култура и вредности во замена за побрз пристап до пазарот на трудот.
Владата вети дека ќе субвенционира 100.000 нови работни места, од кои многу се ниско платени. Трудовото законодавство ќе овозможи полесно вработување на бегалци.
Но, новодојденците кои немаат работа, ќе треба да останат во општините каде што биле испратени првично.
Многу Турци долги години живеат во Германија. Сега се смета дека 1,5 милиони германски државјани имаат турско потекло, иако со децении германските влади тврдеа дека Германија никогаш нема да е земја на имигранти. Гетата и отуѓувањето не исчезнале, а во април Меѓународниот центар за контратероризам во Хаг соопшти дека повеќе од 700 странски борци во Сирија пристигнале во Германија.
Повеќе од 20% од сегашните жители се дојдени како мигранти или се деца на мигранти.
