Дали карантините дадоа ефект и спасија животи?
Докажано е дека карантините имале мал ефект врз смртноста за време на пандемијата.
Американски истражувачи идентификуваа докази за штетата од „локдаун“, пренесува Фокс њуз.
Истражувачите од Универзитетот „Џонс Хопкинс“, велат дека ограничувањата наметнати во пролетта 2020 година, поради коронавирусот, имале мал ефект врз смртноста во САД и во Европа. Но, тие предизвикаа сериозни економски и социјални штети.
Велат дека ограничениот пристап до отворени простори, особено паркови и плажи, ги натера луѓето да се состануваат во затворени простории, каде што ризикот од инфекција е многу поголем.Според нив задолжителната самоизолација ја намали смртноста од Ковид-19 за само 2,9 отсто, а во некои случаи, напротив, ја влошува ситуацијата.
Според СЗО, далеку сме од крај на пандемијата. Подвидот на омикрон го има во 57 држави.
Слично
