Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали исламисти врбуваат бегалци во Германија?

Дали исламисти врбуваат бегалци во Германија?

Ова се случува во центрите за мигранти, според контраразузнавањето на германската Федерална служба за заштита на уставот.

Службата  утврдила обиди на радикалните исламисти да врбуваат нови симпатизери меѓу бегалците, соопшти шефот Ханс-Георг Масиј.

„Досега  ни се познати над 340 случаи, но тоа се само оние за кои сме разбрале. Најверојатно тие се повеќе"- рече тој.

Објаснува дека се загрижени затоа што салафити и други исламисти се занимаваат со вербување во центрите за бегалци.

Додаде дека органите на прогонот ги предупредиле за проблемот вработените во центрите.

Слично

Поврзани вести