Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали имате друга картичка господине претседател ?

Дали имате друга картичка господине претседател ?

Дури и претседателите не се имуни на посрамувањето од укинувањето на нивните кредитни картички.

Тоа му се случи на претседателот Обама минатиот месец  додека вечераше во Њујорк за време на генералното собрание на Обединетите нации .

„Мојата кредитна картичка беше одбиена“, рече Обама,  додека беше во бирото за економска заштита на потрошувачите, за време на малиот говор кој го одржа за време на потпишување на мерките за заштита на американските граѓани од крадење на идентитетот и информации од кредитните картички.

„За среќа Мишел ја имаше нејзината“.

Како и секој на кој му е одбиено плаќањето со кредитна картичка и претседателот имал некои спремни објаснувања.

„Претпоставувам дека не ја користам  доволно“, рекол Обама на кој најчесто не му е дозволено да го носи својот паричник .

Идентитетот на серверот кој што пробил во картичката на претседателот не беше ниту спомнат.

„Се трудев да и објаснам на келнерката, 'не - јас стварно мислам дека си ги плаќам своите сметки,' рекол Обама“.

Тоа најверојатно е точно. Семејството Обама има посед во вредност од над 7 милиони долари минатата година, според финансискиот извештај издаден од Белата куќа во месец Мај.
Слично

Поврзани вести