Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали и колку туристи ќе изгуби Британија по нападите?

Дали и колку туристи ќе изгуби Британија по нападите?

Туризмот во Британија ќе биде на удар. 

Терористичките напади во Лондон можат да му наштетат на туризмот во земјата. 

Туристичките експерти се убедени дека државата ќе изгуби посетители, кои се загрижени за својата безбедност.

Нападите од минатата недела се третиот чин на тероризам во земјата за помалку од три месеци.

Компанијата за истражување „Euromonitor“ проценува дека 285.000 туристи ќе го одбегнат Островот оваа година, како резултат на неколку напади. Според компанијата, туризмот на Англија може да се опорави до сегашното ниво дури во 2020-та година, пренесува „CNN“.

„Ужасни напади во рок од три месеци нанесоа сериозни штети на брендот Британија како туристичка дестинација“- вели Хенри Хартвелт, независен аналитичар од Сан Франциско.

Лондон е трет најпопуларен град меѓу туристите во светот, а обично има околу 19 милиони туристи годишно. Поради поевтината фунта, земјата стана поевтина за посета.

Тероризмот сепак може да го промени трендот, како што се случи со Париз по координираните терористички напади во крајот на 2015-та година.

Истражување на компанијата „ForwardKeys“ покажува дека меѓународните посетители на Париз се намалиле за 12% во текот на околу 3-4 месеци по нападите во градот. Повеќе од една година подоцна, туризмот во Париз уште не се стабилизира целосно.

Слично

Поврзани вести