Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали и источна Украина ќе избере отцепување?

Дали и источна Украина ќе избере отцепување?
Во источните украински градови Доњецк и Луганск денеска започна референдумот за отцепување на овие региони од Украина, инициран од проруските сепаратисти. Жителите од утрово излегуваат на гласање и покрај спротивставувањето на официјален Киев и на меѓународната заедница, кои нагласија дека референдумот ќе го сметаат за незаконски. За одлагање на изјаснувањето апелираше и рускиот претседател Владимир Путин, иако западните земји тврдат дека во позадина Русија всушност го поттикнува референдумот во источните региони по примерот на Крим. Сепак, за разлика од Кримјаните, жителите на источните украински региони не одговараат дали се за припојување кон Русија, туку само на едно единствено прашање - „Дали го поддржувате актот за државна самостојност на народната република Доњецк/Луганск?“. Гласачките места ќе бидат отворени вечерва, а резултатите е најавено дека ќе бидат објавени во текот на утрешниот ден. Вршителот на должност претседаттел на Украина Олександар Турчинов го предупреди населението во источните региони дека ќе предизвика катастрофа доколку на референдум се изјасни за отцепување од Украина.  
Слично

Поврзани вести