Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали и Белорусија ќе се вмеша во војната во Украина?

Дали и Белорусија ќе се вмеша во војната во Украина?

Русија и Белорусија договорија распоредување на заеднички регионални сили, вели белорускиот претседател Александар Лукашенко. Средба денеска имало во Минск. 

Потсети дека имал средба очи в очи со рускиот колега Владимир Путин, по неформалниот самит во Санкт Петербург. Лукашенко вели дека поради влошувањето на западните граници, се договориле да распоредат регионална група на Руската Федерација и Република Белорусија. 

„Тоа е во склад со нашите документи. Ако нивото на закана го достигне нивото што е сега, почнуваме да ја користиме групата на безбедносни сили на Сојузната држава. Основа на оваа група е војската, Вооружените сили на Република Белорусија. Морам да ве известам дека формирањето на групата почна и мислам дека трае два дена. Дадов наредба да почнеме со формирање“, изјави Лукашенко.

Тој му се закани на украинскиот претседател Володимир Зеленски. 

„Мојот одговор би биле едноставен. Кажете им на Зеленски и на другите лудаци дека Кримскиот мост ќе им изгледа како цвеќе ако со нивните валкани раце допрат само еден метар од нашата територија“, соопшти Лукашенко.

Зеленски изјави дека руските сили ги погодиле енергетските капацитети во Киев, Лавов, Днепро, Виница, Запорожје, Харков и други региони.

Тој излезе на улиците на Киев по серијата експлозии што утрово го потресоа главниот град, но и многу други градови.

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, преку Телеграм се огласи дека, како што пишува, ќе има и други епизоди. Целта на нивните идни акции, според него, треба да биде целосно разбивање на политичкиот режим на Украина. 

Војната почна на 24 февруари кога Русија во раните утрински часови ја нападна Украина. Руските сили од белоруска територија извршија напад на Украина на почетокот на војната. 

Слично

Поврзани вести