Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали Херсон ќе стане дел од Русија?

Дали Херсон ќе стане дел од Русија?

Во Херсон ќе има референдум за припојување со Русија. 

Воената администрација во окупираниот украински град соопшти дека се подготвува да одржи референдум. 

„Да, ние се подготвуваме за референдум и ќе го одржиме“, рече Кирил Стремусов, заменик-шефот на воената и цивилната администрација. 

Официјалните лица, поставени од Русија, рекоа дека нивните безбедносни сили го уапсиле градоначалникот Ихор Колихаев на 28 јуни, откако тој одбил да ги следи наредбите на Москва. Локален функционер рече дека градоначалникот е киднапиран.

Градот е целосно под руска контрола од почетокот на март.  Русија на 24 февруари ја почна инвазијата на Украина. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ќе си ги вратат сите окупирани градови. 

foto EPA/SERGEI ILNITSKY

Слично

Поврзани вести