Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали го пронајдоа? Закажан итен состанок со семејствата на патниците во малезискиот авион

Дали го пронајдоа? Закажан итен состанок со семејствата на патниците во малезискиот авион
Малезискиот премиер ги повикал на итен состанок членовите на семејствата на патниците од исчезнатиот авион Боинг 777-200 на Малезија Ерлајнс. Веднаш потоа е закажана и пресконференција за медиумите, но нема повеќе детали што ќе биде соопштено на неа. Овие информации ги подгреаја шпекулациите дека е можно по повеќе од две недели, властите конечно да успеаја да го пронајдат авионот кој се води како мистериозно исчезнат. Утрово кинески и австралиски авиони во јужните делови на Индискиот Океан успеале да забележат некакви предмети, кои би можеле да бидат остатоци од авионот. Според австралискиот премиер Тони Абот, биле пронајдени предмети со кружен облик и зелена боја и еден правоаголен со потрокалова боја, иако не може уште со сигурност да се каже дали тие припаѓаат на авионот кој исчезна на 8 март на летот МХ 370 Куала Лумпур - Пекинг со 239 патници и членови на екипажот. Доколку се потврди дека откриените делови му припаѓаат на авионот, дополнителен предизвик ќе биде пронаоѓањето на црните кутии кои единствено можат да дадат попрецизен одговор што се случило со леталото. Сомнителните предмети биле лоцирани далеку во јужните делови на Индискиот Океан на околу 2.500 километри од брегот на Австралија и илјадници километри од првично планираната рута на авионот.
Слично

Поврзани вести