Дали го најдоа? Најсериозен сигнал за малезискиот авион досега!
Првиот човек на австралиската агенција која ги координира напорите за пронаоѓање на исчезнатиот малезиски авион објави дека потрагата е многу блиску до лоцирање на местото каде што паднал авионот Боинг на „Малезија Ерлајнс“.
Ангус Хјустон потврдил дека е регистриран сигнал за кој се претпоставува дека доаѓа од „црната кутија“ на авионот, што е „најдобра и најсилна трага во моментов до летот МХ370“. Сепак и покрај оптимизмот, тој нагласи дека остатоците на авионот сеуште не се пронајдени.
„Би сакал да имам повеќе информации пред да ви кажам - тоа е тоа“, рече Хјустон.
Сигналите за кои се претпоставува дека доаѓаат од црната кутија на авионот ги лоцираше и кинески брод вклучен во потрагата. Екипите кои трагаат по авионот се во сериозен временски теснец, со оглед на тоа што батериите на „црната кутија“ можат да издржат околу 30-тина дена, а веќе истекуваат толку од мистериозното исчезнување на авионот на летот Куала Лумпур - Пекинг со 239 патници и членови на екипажот.
Слично
