Дали Германците ова лето ќе ја одминат Турција?
Турција е омилено место за одмор на Германците.
Германското Министерство за надворешни работи издаде предупредување за своите граѓани за Истанбул и Анкара, но другите делови се сигурни.
Сепак туристичките агенции им излегуваат во пресрет на сите оние кои сакаат да ги повлечат парите за летување во Турција.
Но, патниците кои индивидуално купиле авио билети, а летовите се откажани не можат да бараат отштета.
Сепак, во Германија има население со турско потекло кое секако ќе патува во Турција.
„Моментално не размислувам за ништо, освен да си поминам убаво со своето семејство“ - вели Емре Буланик, кој потекнува од Турција, а живее во Минхен.
Прогнозите се дека поради нападите и обидот за преврат Турција ќе изгуби милиони туристи оваа сезона.
