Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали Германија се подготвува за можна војна со Русија?

Дали Германија се подготвува за можна војна со Русија?

Германскиот неделник „Шпигел“ пишува дека Германија поради војната во Украина, планира големо престројување на нејзината војска. 

Генералот Еберхард Корн уште во септември наложи подготовка на војската за можен конфликт со Русија. Според Корн, војската мора да биде подготвена за наметната војна.

Мисиите во странство во иднина треба да бидат помалку важни, затоа што сега, како што се наведува, многу поважно е вистинското одвраќање.

Германскиот генерал вели дека треба да се зајакне источното крило на НАТО, Естонија, Летонија, Литванија и Полска.

Откако Русија ја почна војната во Украина на 24 февруари, се закани на повеќе земји. Во Полска поради страв од проширување на конфликтот, се зголеми бројот на луѓе кои сакаат да служат воен рок.  Како одминува времето, Русија уверува дека не се заканувала со употреба на нуклеарно оружје. Германија е една од земјите која донираше оружје за Украина. 

foto freepik.com/artbutenkov

Слично

Поврзани вести