Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали Франција ќе „увезува“ работна сила?

Дали Франција ќе „увезува“ работна сила?

Франција со измени на законот за имиграцијата ќе се обиде да го ублажи недостигот од работна сила.

Владата планира да воведе измени во прописите за издавање дозволи за престој на странци, за да го компензира недостигот од квалификувани професионалци и да им овозможи на одредени баратели на азил побрзо да добијат работна дозвола.  Предлог-законот го одразува „прагматизмот и реализмот“ на француската Влада и потсети дека најавените реформи доаѓаат во исто време кога другите европски земји ги релаксираат регулативите за имиграција, со цел да се надмине притисокот врз пазарот на труд.

И германскиот канцелар, Олаф Шолц, изјави претходно овој месец дека најголемата европска економија треба да привлече повеќе странски работници за да се избегне недостиг на работна сила и кризи во пензискиот систем во наредните години.

Шпанија веќе дозволи издавање работни дозволи за професионалци во ранливите стопански сектори.

Германија веќе има прилив на работници од странство. Во повеќето европски земји има и стареење на населението. 

Слично

Поврзани вести