ДАЛИ ФАЈЗЕР КРИЕЛ ПАРИ ОД ВАКЦИНИТЕ, ФИНАНСИСКАТА ПОЛИЦИЈА ПОЧНА ДА „КОПА“: Компанијата е под истрага во една европска земја
Италијанските даночни власти го истражуваат профитот
пријавен од подружница на американскиот фармацевтски гигант Pfizer,
производител на вакцината за Ковид-19, изјавија за Ројтерс два извори
запознаени со ова прашање.
Проверките што ги спроведува финансиската полиција во Рим се административна ревизија, а не криминална истрага, а Pfizer сè уште не е информиран за наодите, рекоа два од изворите.
На крајот од постапката, според италијанскиот закон, полицијата мора да ја информира компанијата и државната агенција за приходи за исходот, кои потоа изготвуваат уредба за прифаќање на проценката и плаќање на проценетиот даночен долг.
„Италијанските даночни власти редовно ги следат и истражуваат даноците што ги плаќа Pfizer и соработуваат во овие контроли и истраги“, соопшти американската фармацевтска компанија.
„Pfizer ги почитува законите и обврските кон италијанските даночни власти“, се додава.
