Дали е точно дека Украина повеќе оружје заплени од Русите отколку што доби од Западот?
Украина зароби повеќе оружје од Русија отколку што добила од Западот.
Западните земји ѝ испорачаа на Украина 320 тенкови, а таа зароби од Русија 460.
Руската армија ѝ остави повеќе воена опрема и оружје на бојното поле за време на повлекувањето отколку што која било која западна земја префрлила на Украина за време на целата војна. Ова го пренесува „Волстрит џорнал“, повикувајќи се на аналитичари за отворени податоци и воени претставници.
Aналитичкиот проект „Орикс“ покажа дека украинските вооружени сили заробиле 460 руски тенкови (западните земји испорачале 320), 92 самоодни топови, 448 борбени возила на пешадија (210 од Запад), 195 оклопни борбени возила (40 од Запад) и 44 ракетни системи (70 од Запад). Весникот забележува дека овие информации се собрани од отворени извори, па затоа реалниот број на заробени возила може да биде поголем.
